Томпсон-Хера и Левандовски се најдобри според спортските новинари!

203

Јамајканската атлетичарка Илејн Томпсон-Хера и полскиот фудбалски репрезентативец Роберт Левандовски се прогласени за најдобри спортисти на годината во изборот на Меѓународната асоцијација на спортски новинари (AIPS).

529 новинари од 114 земји ја избраа италијанската фудбалска репрезентација за најдобар тим. Ова е првпат 29-годишната Јамајчанка, која освои три златни медали на Олимписките игри во Токио, да ја добие престижната награда. Таа доби 605 поени пред шпанската фудбалерка Алексија Путелас.

Во машка конкуренција славеше Левандовски, кој и лани беше најдобар во изборот на АИПС. Одличниот полски напаѓач освои 435 поени, оставајќи го зад себе светскиот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен.

ПретходноКовид-19 влезе и во Атлетико (М): Симеоне во изолација
СледноХрватска без Игор Карачиќ, но со Анте Гаџа на ЕП 2022