Тухел бесен: Како да останеме во трката за титулата?

385

Со вечерашното реми против Брајтон во Лондон, Челзи дополнително ја влоши ситуацијата во борбата за титулата во Премиер-лигата.

Манчестер Сити со победата отиде на осум поени предност, бидејќи „сините“ испуштија шанса да дојдат до целиот плен.

Тренерот на Челзи, Томас Тухел, не можеше да смета на голем број играчи, што многу придонесе за денешниот неуспех.

„Како да останеме во трката за титулата? Имаме седум случаи на коронавирус, имаме пет или шест играчи кои отсуствуваат месец и половина и подолго. Како да бидеме конкурентни“, праша Тухел по натпреварот, кој додаде:

„Имавме многу шанси, ова е фрустрирачки. Сè е против нас. За пеналот прашајте го судијата, не мене, не сум јас тој што одлучува. Најавив што ќе се случи пред неколку недели, нормално е да бидете уморен ако во претходните десет дена сте биле во кревет“.

ПретходноМорант го избриша страшниот дабл-дабл на Леброн (ВИДЕО)
СледноХорват по тешкиот пораз од Словенија: Се распаднавме во десет минути!