Челзи се врти кон Тео Eрнандез

303

По повредата на Бен Чилвел, тимот на Челзи има потреба зимава да доведува засилување во последната линија. Се редат имиња по кои тимот од Лондон ќе тргне во јаунарскиот преоден рок, па Италијанските медиуми денеска стигнаа и до играчот на Милан, Тео Хернандез.

Сепак, цената за Eрнандез воопшто не е мала, МИлан бара цели 50 милиони фунту за него, но со оглед на добрите односи меѓу двата клуб можно е оваа цена да претрпи промени. Имено, Челзи и Милан веќе соработуваа  на темата Оливие Жиру, Фикаио Томори односно  Тимуе Бакајоко, што значи дека и во случајот на Хернандез би нашле заеднички јазик.

Од друга страна пак Милан бара замена за Симон Кјаер кој е повреде, па во Милано од Лондон би можел да замине Андреас Кристенсен.

ПретходноБарселона пријавува уште заразени
СледноСтоле голман број четири во Европа