Продолжуваат проблемите со одигрување на натпреварите во Премиер – лигата сезонава. Па така како што попладнево беше и официјално објвавено, одложен е уште еден натпревар во најсилната лига во светот, а тоа е мечот меѓу Њукасл и Саутемптон кој требаше да се одигра во недела.
Ова е вкупно 18-ти меч во ПЛ кој е одложен поради Ковид-19. Речиси никој сеуште не знае кога сите овие одложени мечеви би се одиграле.
Инаку за утре се закажани три меча од 21.коло. Се среќаваат Арсенал – М. Сити (13.30 ч), Ватфорд – Тотенхем (16 ч) и Кристал Палас – Вест Хем (18:30). Дуелот меѓу Лестер и Норвич е одложен.