Реал Мадрид и Дон Флорентино Перез се подготвуваат за најголемиот „бизнис“ во историјата на фудбалот. Имено тие во јуни, во летниот преоден рок имаат намера во пакет да ги донесат Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд, кои би потпишале шестгодишни договори. За тие шест години Реал ќе мора да издвои вкупно 800 милиони евра, ако не и една милијарда за севкупните трошоци за двајцата најбарани фудбалери во моментов. Тука се мисли на отшетата, платите, бонусите и се што е врзано за двајцата.
За тоа “кралевите“ ќе мора да се ослободат од неколку играчи, а добро за нив е тоа што следното лето им истекуваат договорите на повеќе фудбалери кои и тоа како отежнуваат клупскиот буџет.
Токму затоа Дон Флорентино вели:
„Можете да се врзете, полетуваме…“.
Се разбира дека Перез сака што побргу да ја искористи кризата во Барселона, да создаде тим кој едноставно би бил за Барса просто недостижен.