Алими: Штом добив понуда од Работнички не размислував многу дали да ја прифатам!

1253

Денеска одекна “бомбата“ во Градски парк која уште вчера ја најави „Спортмедиа“. Арменд Алими, еден од најдобрите фудбалери во ПМФЛ во последните неколку години и сега веќе некогашен фудбалер на Шкендија, и официјално е нов член на Работнички. Тој при презентацијата како нов член на „романтичарите“ истакна…

Чест ми е да го носам дресот на Работнички. Тоа е еден од најреномираните клубови во Македонија. Искрено штом добив понуда од Работнички не размислував многу дали да ја прифатам. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на раководството на клубот и се надевам дека сите заедно ќе успееме да ги оствариме целите на клубот. Сакам на сите во Работнички, на фановите, но и на сите во државата да им ги честитам празниците и да им посакам многу здравје, среќа и успеси во 2022 година“ изјави за клупскиот сајт големото засилување на Работнички.

ПретходноПрва промена во Силекс, си замина Лазар Пеев
СледноВкупно 18-ти: Одложен уште еден меч во Премиер – лигата!