Барселона од Дембеле бара да испочитува една работа!

536

Усман Дембеле на крајот на оваа сезона ќе го напушти каталонскиот гигант. Францускиот репрезентативец ги изненади челниците на Барселона, побара плата од 40 милиони евра, сума која е преголема во време на криза во редовите на шпанскиот клуб.

Дембеле неофицијално се согласил и на помала плата, но ја променил својата одлука кога дознал дека челниците на Барса собираат пари за Ерлинг Халанд.

Дембеле речиси сигурно ќе си замине од тимот на крајот на сезоната, без обештетување, а се шпекулира дека ПСЖ е подготвен да му ја понуди платата што ја сака.

Сепак, од каталонскиот клуб повторно стапија во контакт со неговиот агент и порачаа дека се надеваат дека Дембеле барем во едно ќе го почитува клубот.

Наводно, од него би бараат да се согласи да замине во јануари за да може да заработи барем малку пари, што би им олеснило да регистрираат нови играчи.

Исто така, RAC1 објави дека и во Барселона размислуваат за еднострано раскинување на соработката во јануари, бидејќи на тој начин клубот значително би го ослободил буџетот за плати. Но, сите се надеваат дека оваа приказна убаво ќе заврши и дека Дембеле ќе се согласи на продажба во зимскиот преоден рок.

ПретходноЕмбид го расипа кам-бекот на Дурент (ВИДЕО)
СледноБојан Најденов му кажа збогум на Навбахор, но останува во Узбекистан