Македонскиот интернационалец Бојан Најденов, ќе си замине од својот досегашен клуб Навбахор во Узбекистан.
Офанзивецот за Спортмедиа изјави дека и покрај обостраната желба да се продолжи соработката сепак, тој не потпиша нов договор со клубот.
„Сакам да останам, но не се договоривме. Имам контактни со некои други клубови во Узбекистан, одиграв добра полусезона, и големи се шансите да останам и во следниот период тука“, ни изјави Најденов.