Во 2021 капитенот се прости од репрезентацијата: Горане -Македонија ти се заблагодарува! (ВИДЕО)

744

На 21 јуни 2021, на „Јохан Кројф Арената“ во Амстердам, Горан Пандев по мечот од 3.коло во групата на ЕП и дефинитивно се прости од националниот дрес. Најголемиот што некогаш фудбалска Македонија го имала, го одигра својот 122 меч, на кои постигна 38 голови, по две децении играње за својата репрезентација кажа – доста е.

Пандев со својот квалитет и искуство успеа да се наметне како водач на генерацијата која го постигна најголемиот успех. Пандев за сите нив беше идол, го респектираа, а тој секогаш и секаде беше со нив. Јасно е дека тој е најзаслужниот што игравме на ЕП, добро се сеќаваме на голот во Тбилиси, тој е стрелецот на првиот, историски гол на едно големо натпреварување и тоа против Австрија во Букурешт.

Јавноста бараше од него да остане и во квалификациите за СП во Катар есента, но сепак мора да се сфати. Тој има 38 години.

Нашиот фудбалски феномен реши да се прости на тој 21 јуни во Амстердам, а сите ние кои сме на овој или на оној начин поврзани со фудбалот, цела фудбалска Македонија можат и треба да кажат:

ГОРАНЕ ТИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА СИТЕ РАДОСТИ КОИ НИ ГИ ДОНЕСЕ!

Претходно„Лудилото“ во Ф1: Верстапен го „скрши“ Хамилтон – последниот круг кој ни донесе нов шампион! (ВИДЕО)
СледноБрајтон го потпиша најмладиот играч во историјата на ЕП