Европскиот првак објави сериозни финансиски загуби

193

Освојувачот на европската круна Челзи објави загуби во износ од 145,6 милиони фунти за минатата финансиска година до 30 јуни 2021. Клубот ги регистрира загуби и покрај тоа што приходите се зголемени од 397,8 на 416,8 милиони фунти. Лондончани објаснија дека причината за загубите се затворените стадиони поради пандемијата и помалиот приход од продажба на играчи.

Од Челзи објавија дека продолжуваат да сметаат на финансиската поддршка на „Фордстам Лимитед“ компанија која е во сопственост на Роман Абрамович. Во сезоната 2020/21, во периодот на финансискиот отчет, Челзи ја освои ЛШ, завршија четврти во првенството и стигнаа до финалето на ФА купот.

ПретходноЅвездата на Сити претепана и ограбена
СледноИнтервју со Андреј Магдевски: Сонувам за големо првенство со Македонија!