По Елиф Елмас, уште еден македонски репрезентативец е позитивен на коронавирус. Станува збор за Столе Димитриевски. Според информациите кои доаѓаат од Шпанија тој имал позитивен тест, не се појавил на тренинг.
Рајо Валјекано исто како голем број клубовите во Европа се соочува со новиот бран на коронавирус, во тимот пријави голем број на позитивни случаи.
Dimitrievski (Rayo Vallecano), 🤧 duda para la próxima jornada por positivo covid-19 https://t.co/vfbLWTjPmP
— JORNADA PERFECTA (@JornadaPerfecta) December 30, 2021
Димитриевски пред дуелот со Естонија беше позитивен на Ковид-19 на првиот тест, по второто тестирање тој доби негативни резултати.
Македонскиот репрезентативен голман овие денови беше во центарот на вниманието во шпанските медиуми, на големо беше најавуван како ново засилување на Барселона, тој беше виден и на „Камп Ноу“.