„Лудилото“ во Ф1: Верстапен го „скрши“ Хамилтон – последниот круг кој ни донесе нов шампион! (ВИДЕО)

562

Со години, со децении па и повеќе ќе се раскажува за сезоната 2021 во Формула 1. Епска сезона, во која биеја битка за освојување на круната Луис Хамилтон и Макс Верстапен. Цела сезона беше трилер, а расплетот ни како во филмовите на Хичкок.

Абу Даби и “Јас Марина“ засекогаш ќе останат во сеќавање на сите фанови на Ф1. За првпат во историјата се навиваше цела сезона како на фудбалски меч. Трибините на сите трки беа преполни, гледаноста отиде до небо.

На крај, ех што да се каже!

Само за тие со силни нерви. Последната трка, последниот круг ја донесе титулата, и тоа како.

Фантастично.

Макс Верстапен за кого навиваа речиси 90% од фановите излезе како победник, и тоа со претекнување на некои стотина метри до целта.

Едноставно супер – Макс го “скрши“ Хамилтон…

Да се потсетиме како тоа беше во Абу Даби.

Да се потсетиме на „ЛУДНИЦАТА“ на епското претекнување на СУПЕР – МАКС, претекнување вредно титула.

Сезона и трка за аналите. Верувајте ова никогаш нема да се повтори.

ПретходноМрачната страна на Мајкл Џордан: Не му давај да јаде, не заслужи!
СледноВо 2021 капитенот се прости од репрезентацијата: Горане -Македонија ти се заблагодарува! (ВИДЕО)