Миленкоски и 7 одбојкари на Финикас заразени со Ковид-19

193

Само неколку дена откако ја освои Суперкуп титулата во Грција, некогашниот селектор на македонската одбојкарска репрезентација Јошко Миленкоски влезе во карантин. Тој и дури седум негови одбојкари биле позитивни на Ковид-19 тестовите по враќањето од Родос.

„Не сме влегле во сала откако се вративме од Родос. Очигледно закачивме Ковид-19 на бродот со кој се враќавме. И јас и седум одбојкари сме позитивни и влеговме во изолација. За среќа имаме само лесни симптоми и се надевам на скоро враќање во сала и на натпревари. Еден меч веќе го одложивме“, ни рече во разговор Миленкоски.

Неговиот тим Финикас направи вистинска сензација освојувајќи го Суперкупот на Грција за првпат во клупската историја.

ПретходноЈунајтед со победа над Барнли ја заврши 2021 година (видео)
СледноМендес стави крај на сите шпекулации за Роналдо