Вкупно 18-ти: Одложен уште еден меч во Премиер – лигата!

366

Продолжуваат проблемите со одигрување на натпреварите во Премиер – лигата сезонава. Па така како што попладнево беше и официјално објвавено, одложен е уште еден натпревар во најсилната лига во светот, а тоа е мечот меѓу Њукасл и Саутемптон кој требаше да се одигра во недела.

Ова е вкупно 18-ти меч во ПЛ кој е одложен поради Ковид-19. Речиси никој сеуште не знае кога сите овие одложени мечеви би се одиграле.

Инаку за утре се закажани три меча од 21.коло. Се среќаваат Арсенал – М. Сити (13.30 ч), Ватфорд – Тотенхем (16 ч) и Кристал Палас – Вест Хем (18:30). Дуелот меѓу Лестер и Норвич е одложен.

ПретходноАлими: Штом добив понуда од Работнички не размислував многу дали да ја прифатам!
СледноНајавено, па потврдено: Струга ТЛ се пофали со Дарко Илиески!