Дарко Размоски од Пелистер оди во Беса

1000

Членот на ВМФЛ Запад, тимот на Беса Добри Дол зимава дефинитивно е најактивниот клуб што се однесува до трансфер пазарот. Со носењето на Џенгис Реџепи за нов шеф на стручниот штаб, автоматски составот мораше да биде реконструиран, па во рок од десетина дена Беса доведе и десетина нови фудбалери.

Последен во низата е Дарко Размоски кој доаѓа од Првата лига односно од тимот на Пелистер, и во пролетниот дел од шампионатот ќе го носи дресот на Беса.

Тој е офанзивец кој „оперира“ по левата страна и заедно со Љутви Биљали, и Димитар Иванов кој зимава исто така пристигнаа во Беса, ќе бидат ударниот троец за напролет.

ПретходноЕУРО 2020: Титула за Италија, борбата за живот на Ериксен, рекордот на Роналдо
СледноПрва промена во Силекс, си замина Лазар Пеев