Леброн доминира и на 37 години: Како од шега постигна 43 поени (ВИДЕО)

193

Во Новата 2022 година 20 тим излегоа на терен, се одиграа десет натпревари. Во центарот на вниманието се најде Леброн Џејмс. „Кралот“ одигра нов маестрален меч, овој пат за победа на Лејкерси над Портланд од 139-106.

Џејмс запиша дабл-дабл, постигна 43 поени, 14 скока и 4 асистенции за рекорд оваа сезона. Монк додаде 18 поени, Ентони и Вестбрук имаа по 16 поени. На другата страна Лилард беше скромен со 18 поени.

Лејкерси одлично го отворија мечот, во првите 12 минути постигнаа 43 поени, па се беше јасно. На одморот имаа 15 поени разлика, доволни за убедлив триумф.

Резултати:

Бостон – Феникс 123:108
Индијана – Чикаго 106:108
Сакраменто – Далас 96:112
Хјустон – Мајами 110:120
Кливленд – Атланта 118:121
Торонто – ЛА Клиперс 116:108
Мемфис – Сан Антонио 118:105
Оклахома – Њујорк 95:80
Јута – Минесота 120:108
ЛА Лејкерс – Портланд 139:106

ПретходноПочина легендата на Бостон Селтикс
СледноПланот на Ванда за Икарди зависи од три клубови