Надал се „чекираше“ во Мелбурн, ќе дојде ли и Ноле? (ФОТО)

265

Рафаел Надал вчера откри дека пристигнал во Мелбурн пред стартот на Отвореното првенство на Австралија, откако се опоравил од коронавирусот.

35-годишниот Шпанец, чија единствена победа на турнирот беше во 2009 година, твитна фотографија од себе на празен терен во Мелбурн Парк со коментар „Не кажувајте никому… тука сум“.

20-кратниот носител на Гренд Слем титули беше позитивен на Ковид-19 откако се врати дома од егзибицискиот турнир во Абу Даби. И голем број други играчи кои беа во Абу Даби исто така беа позитивни, вклучувајќи го и Русинот Андреј Рубљев, женската олимписка шампионка Белинда Бенчиќ и шампионката на УС Опен, Ема Радукану.

Доаѓањето на Рафаел Надал ќе биде поттик за организаторите на првиот Грен слем турнир во сезоната, кој започнува на 17 јануари.

ПретходноПланот на Ванда за Икарди зависи од три клубови
СледноНов удар за Франција пред стартот на ЕП 2022