Македонија на ЕУРО: Денови на национална гордост…кога Букурешт беше МАКЕДОНСКИ град! (ВИДЕО)

793

Конечно, ете, дочекавме и ние на некое големо фудбалско натпреварување да навиваме за нашата репрезентација, за Македонија. А- репрезентацијата направи историски успех и преку Лигата на Нации се пласира на ЕУРО 2020. Сите бевме горди, цела држава, играчите стручниот штаб и секако ФФМ на чело со Муамед Сејдини.

На 14 и 17 јуни игравме со Австрија и Украина во Букурешт, а на 21 јуни во Амстердам. Не се важни трите порази, на моменти игравме добро. Постигнавме два гола и тоа преку Пандев и Алиоски, но ете и покрај тие 1:3, 1:2 и 0:3 не се избрукавме.

А Букурешт во тие десет дена колку што престокувааа нашите фанови, беше буквално МАКЕДОНСКИ град. Тој Букурешт кој секогаш по лошо го паметиме, ете и навивачки го освоивме.

Тоа беа денови за наши мераци, за наша национална гордост.

Убаво беше и во Амстердам, но вистинската еуфорија беше во главниот град на Романија.

ФАНТАСТИЧНО издание на “фалангата“…

Ечеше – МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА…

May be an image of one or more people and people standing

ПретходноРакометар на ПСЖ прободен со нож
СледноЗарем е можно: Дембеле ќе го менува Мбапе во ПСЖ!!!