На неговите услуги повеќе не смета неговиот сонародник на клупата на ПСЖ, Маурицио Покетино, а се споменува дека сумата од 30 милиони евра која би ги задоволила челниците на францускиот тим.
Мауро Икарди во ПСЖ пристигна од Интер во летото 2019 година и оттогаш за овој клуб одигра 82 натпревари на кои постигна 38 гола и десет асистенции.
Најверојатната опција за продолжување на кариерата ја споменува Јувентус, а за тоа оди и фактот што на излезната врата во Старата дама е шпанскиот напаѓач Алваро Мората.
Тренерот на каталонскиот клуб Чави Хернандез го сака 29-годишниот напаѓач во своите редови и започнати се преговорите за негов ангажман.
Бројни европски новинари, меѓу кои и Фабрицио Романо, тврдат дека Барселона веќе стапила во контакт со Јувентус за да разговараат за доаѓањето на искусниот напаѓач.
Каталонскиот тим наводно е подготвен да се ослободи од Мемфис Депај, кој како дел од зделката би бил испратен во Торино, но италијанскиот гигант засега не покажува голем интерес за оваа понуда.
Вклучен е и Атлетико Мадрид. Мората е под договор со овој тим и е на позајмица во Јувентус. Тимот од Мадрид за Мората бара 40 милиони евра. Сепак, Барса не е подготвена да плати толку и ќе се обиде да најде начин да го доведе во јануари.
Атлетико е подготвен да го продаде Мората. Целата работа е многу комплицирана, но ќе видиме дали тимовите ќе се договорат, а Икарди ќе се врати во Серија А.