Новогодишните празници се време кога секој сака да е дома, со семејството, онаму каде што најјубаво се чувствува. Нашинците ширум светот, сакаат, мечтаат секогаш да се вратат во Македонија, а за 2022 година и нејзиниот дочек дома се врати и Влатко Андоновски Шате, селекторот на женската репрезентација на САД, еден од нашите најуспешни, ако не и најуспешен спортски работник во светот. Израснат во Скопје, популарниот Шате со своите колеги, другари, пријатели, првото новогодишно утро, спортски го мина на Водно.
На омиленото место на Скопјани, оние со спортски дух, кои едвај чекаат да се искачат на врвот и од таму да го здогледаат својот роден град. Прекрасна фотографија ни пристигна токму од врвот на Водно каде што Андоновски, заедно со Жикица Тасевски, и кондиционите тренери, Михајло Шејкероски Шани, Иван Јовановски Карас и Тони Богдановски му посакаа на Скопје но и на цела Македонија среќни новогодишни и божиќни празници си желба за многу успех и среќа во 2022 година.










