По 25 години Австралија опен без сестрите Вилијамс

295

Новото издание на Австралија опен, првиот Грен слем тениски турнир во новата сезона почнува на 17 јануари, а на него ќе ги нема сестрите Вилијамс. Серена претходно го откажа настапот, а и Венус поради повреда на ногата се повлече од настапот на „Мелбурн парк“.

Моментално Венус е на 318. место на ВТА листата и до настап во главниот турнир можеше да стигне само со специјална покана, но сега и таа опција отпадна.

Па првпат по 25 години на Австралија опен ќе нема ниту една од сестрите Вилијамс.

Во текот на кариерата Венус освои седум Грен слем турнири, но никогаш не славела во Мелбурн иако има две финалиња (2003 и 2017 година) и во двата случаи изгуби од помладата сестра Серена.

Серена има седум трофеи на Австралија опен (2003, 2005, 2007, 2009, 2010, 2015 и 2017).

ПретходноНов удар за Франција пред стартот на ЕП 2022
СледноТухел одговори на прозивката на Лукаку