Миркуловски: Почнавме со анализа на Словенија, останува уште малку време до ЕП

186

Македонската ракометна репрезентација денеска ја отвори вратата фаза од подготовките за настап на Европското првенство 2022 во Унгарија и Словачка.

Предводникот, Кирил Лазаров на располагање ги има сите ракометари.

“Влеговме во последната фаза од подготовките, веќе работиме на деталите како во нападот, така и во одбраната. Двата меча против Израел ќе ги искористиме да одиграме наша игра што се вели, нема премногу да ги анализираме нив, туку ќе се подготвуваме да одиграме со Словенија и Црна Гора. Сепак, тука сме за да се подготвиме за она што следува на ЕП, најпрво секако да бидеме здрави, сите сме свесни каква е ситуацијата кога станува  збор за Ковид 19”, вели Миркуловски.

Словенија првиот противник на Македонија на ЕП (13 јануари) веќе се анализира.

“Веќе денеска почнавме да ја анализираме Словенија, нема премногу време, преостануваат уште десетина дена. Истото важи и за Црна Гора и Данска, на ЕП се игра што се вели ден за ден и нема премногу време”.

Македонија утре во 18 часот го игра првиот пријателски натпревар со Израел, истиот е од затворен тип.

ПретходноРазмоски нов играч на Воска
СледноКузмановски: Само Словенија ни е во главите!