Легендарниот јапонски фудбалер Казујоши Миура ќе продолжи да игра фудбал и со 55 години. „Кралот Казу“ веќе не е професионален фудбалер, туку по истекот на договорот со Јокохама потпиша за Сузуки Поинт Гетерс, клуб од четврата јапонска лига (аматерско ниво).
Миура во февруари ќе наполни 55 години, а ова ќе биде негова 36. фудбалска сезона.
Како што наведуваат јапонските медиуми, Миура имал понуди од два клуба од третата лига, но пресудна улога во одлуката да оди во Сузуки имал неговиот две години постар брат Јасутоши, кој е тренер и директор на клубот.
Инаку Миура ја започнал кариерата во бразилскиот Сантос во 1986 година. Играл за Палмеирас, Коритиба, Верди, Џенова, Кобе, Динамо Загреб…