Голманот на Евертон и на Англиската репрезентација, Џордан Пикфорд ни крив ни должен се најде во центарот на вниманието поради објава на социјалните мрежи. Но не негова, туку на неговата сопруга, која што е деклариран „антиваксер“. Дотичната Меган Дејвисон, на социјалните мрежи објави фотографија на кукла која што е прободена со многу игли, а истата ја искоментира со „уште еден бустер до слободата“ алудирајќи на препораките луѓето да се вакцинираат и по трет пат.
На ова, клубот на Пикфорд, како и водството на ФА потоа реагираа бурно, голманот веднаш бил повикан на разговор, и му било наредено веднаш сликата и постот да бидат избришани. Така и биднало, Дејвисон ја избришала објавата, а Пикфорд веројатно за ова ќе биде и парично казнет.