Фудбалерите на Хетафе го направија првото големо изненадување на стартот на 2022 година. Во првиот меч од 20. коло на Ла Лига, тимот на Кике Санчез Флорес успеа да го совлада лидерот Реал (М) со 1:0 нанесувајќи му го само вториот пораз сезонава на „кралскиот клуб“.
Домашните фудбалери одлично го отворија мечот и со силен притисок уште во 9. минута успеаја да изнудат една кардинална грешка на дефанзивата на „кралевите“ која им донесе предност. Имено, пред својот гол Милитао загуби топка, која Унал успешно ја украде и ја смести зад грбот на Куртоа за водство на Хетафе од 1:0.
Иако Реал доминираше, до крајот на мечот не успеа да го погоди домашниот гол. Голем удел во оваа победа има и голманот на Хетафе, Сорија кој имаше неколку брилијантни интервенции со кои не дозволи гостите да израмнат.
9′ Goal #Getafe CF vs #RealMadrid 1-0#LaLiga pic.twitter.com/ngTahjdQjv
— Zehoo Goal (@Zehoogoal) January 2, 2022