По четири последователни порази и најолема резултатска криза во последните сезони, тимот на Атлетико Мадрид конечни победи во домашниот шампионат.
Совладан е тимот на Рајо Ваљекано со конечни 2:0, за кој на клупата остана нашиот Столе Димитриевски. Тој изминатите денови беше позитивен на Ковид, и не тренираше, па од таму и статусот на резерва на овој меч.
Головите за домаќинот на овој меч ги постигна Кореа на двапати, во 28. односно 53. минута.
Атлетико сега е четврти со 32. бода, додека пак Рајо е следен на табелата со 30.
Во вториот дуел од пладневната програма од Примера, екипите на Елче и Гранада одиграа без голови 0:0.