Барселона отпатува кај Мајорка со многу проблеми поради повредени и болни играчи. Недостасува дури 16 играчи меѓу кои Алба, Алвес, Кутињо, Дембеле, Депај, Дест… Тренерот Чави мораше буквално да го крпи тимот и да излезе да игра против домашниот тим.
Беше лут што од Ла Лига немаа слух и да го одложат мечот, а откако разбра дека нема да го слушнат неговото барање излезе со уникатен тим. И Мајорка имаше проблеми, но тие имаа 10 фудбалери вон стројот поради Ковид-19 и повреди.
Во нападот кај Барса за првпат заиграа Илиас Акомач, Лук Де Јонг и Хутгла.
На клупата беа Комас, Де Вега, Хаиме, Мика Мармол, Педрола Фортуни, Алваро Санз…
Лук де Јонг со гол во 44. минута ја обезбеди победата на Барса на ова гостување, а истиот играч два пати ја погоди пречката.
За Барселона ова е осма победа сезонава и е на петтото место на табелата со 31 бод, 15 помалку од лидерот Реал Мадрид. Мајорка е на 15. место и го запиша седмиот пораз.
👥 ALINEACIÓN
⚽ #MallorcaBarça
💪¡Vamos! pic.twitter.com/SOBc6C5cKW— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) January 2, 2022