Брајтон му „скрои“ отказ на Бенитез, Брентфорд и Лидс Ј. ја прекинаа низата порази (ВИДЕО)

138

Фудбалерите на Брајтон го ставија под голем притисок менаџерот на Евертон, Рафаел Бенитез, откако денеска на гостувањето на „Гудисон парк“ му го нанесоа и деветиот сезонски пораз на домашниот тим совладувајќи го со 3:2.

Гостите одиграа одличен меч и постојано беа во водство. со првиот од двата гола на Мек Алистер гостите водеа веќе по три минути, за во 21. минута Бурн веќе да ги донесе гостите и до предност од 2:0. За издвојување е и промашениот пенал на Калверт-Луин во 25. минута, по што на пауза се замина со водство на Брајнтон.

Во вториот дел Евертон со првиот од двата гола на Гордот намали на 1:2, но потоа Мек Алистер погоди за 1:3, па Гордон во 76. минута успеа да намали на 2:3.

Брентфорд во самата завршница од мечот успеа да направи целосен пресврт на мечот со Астон Вила и на крајот да ја прекине серијата порази со победа од 2:1. Гостите поведоа во 16. минута со голот на Ингс, но домашните се вратија за 1:1 преку Виса во 42. минута. Одлучувачкиот гол дојде во 83. минута, а стрелец беше Расмусен.

Лидс Ј. успеа да обебзеди тешка победа на домашен терен против Барнли од 3:1. Харисон, Стјуарт Далас и Даниел Џејмс беа стрелци за домашните, додека единствениот гол за гостите беше дело на Корне.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноШто направи едно интервју: Влаховиќ во Челзи, Кејн во Сити, а Лукаку повторно со Конте!?
СледноПикфорд го „окрка“ поради сопругата (фото)