Дерозан е незапирлив – одново погоди со звукот на сирената (ВИДЕО)

149

Демар Дерозан е во одлична форма, два меча во низа е херој на својот тим, во последната секунда му носи победа на Чикаго.

Синоќа го реши Вашингтон, Булси славеа со 119-120 благодарение токму на него, на три секунди до крајот од тешка позиција успеа да донесе голема радост.

Мечот го заврши со 28 поени, 9 скока и 5 асистенции. Лавин имаше 35 поени, Вучевиќ запиша дабл-дабл од 22 поени и 12 скока. На другата страна Кузма имаше 29 поени и 12 скока, додека Бил запиша 27 поени и 17 асистенции.

Чикаго е лидер во Источната конференција со скор од 24 победи (седма победа во низа) и 10 порази, Вашингтон по 36 одиграни натпревари е осми на табелата.

Резултати од НБА:

Милвоки – Њу Орлеанс 136:113
Детроит – Сан Антонио 117:116
Вашингтон – Чикаго 119: 120
Бруклин – ЛА Клиперс 116:120
Хјустон – Денвер 111: 124
Јута – Голден Стејт 116: 123

ПретходноВАЖНО ЗА „ФАЛАНГАТА“: Во Унгарија и невакцинирани можат во сала, Словачка и натаму без став!
СледноРаѓа: Не гледам АБА-лига, никој нема корист од неа!