Дуелите меѓу Македонија и Израел ќе се играат без публика

258

Македонската ракометна репрезентација денеска продолжува со вториот дел од подготовките за претстојното Европско првенство во Унгарија и Словачка. Скопје е новата база на избраниците на Кирил Лазаров, кои утре и задутре ќе одиграат две нови контроли, против селекција на Израел, и двете ќе бидат од затворен тим.

Пред заминувањето за Дебрецен кое предивидено за 11. јануари, македонската ракометна репрезентација ќе мора да направи три тестирања, протоколи кои ги наложува ЕХФ.

„Во рамки на претстојното Европско Првенство (Унгарија – Словачка) 2022, македонската сениорска репрезентација со вчерашниот собир во Х. Александар Палас го започна вториот дел од подготовките.
Македонската репрезентација ќе ги одработи последните тренинзи во Скопје пред заминување за Дебрецин, а во истиот период (3ти и 4-ти Јануари) ќе се одиграат и контролните натпревари со селекцијата на Израел кои ќе бидат од затворен тип.
Согласно протоколите за учество одредени од Европската Ракометна Федерација, сите ракометари во репрезентативниот табор се имунизирани против вирусот Ковид – 19, а во текот на подготовките беа извршени превентивни ковид тестирања и истите беа негативни. Протоколот од ЕХФ за учество на ЕП 2022 предвидува ковид тестирања на учесниците на 4-ти, 7-ми и 10-ти јануари, а ракометните репрезентативци заминуваат за Дебрецин на 11ти јануари. Првиот натпревар е против селекцијата на Словенија на 13.01.2022 во 18:00 часот.
Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија“, се вели во известувањето на РФМ. 
ПретходноОК Вардар ја прекина соработката со Роман Гурски
СледноТухел ќе го казни Лукаку и тоа на дербито со Ливерпул?