Македонската тениска надеж Калин Ивановски ќе биде дел од јуниорскиот турнир на Австралија опен кој ќе се одигра во Мелбурн. Ивановски ќе игра на главниот турнир кој е на програмата од 22 до 29 јануари и со тоа Македонија ќе има претставник на еден од четирите најголеми тениски турнири.
Да потсетиме Ивановски беше хит минатата година на Вимблдон каде што стигна до осминафиналето. Беше дел и од УС Опен но беше елиминиран во првото квалификациско коло.