Коронавирусот го одложува продолжението на Бундеслигата?

204

Првото коло во германската Бундеслига по божиќните и новогодишните празници може да биде одложено. Речиси сите екипи пријавуваат секојдневно се поголем број заразени фудбалери, па прашање е дали лигата ќе дозволи таков старт на 18. коло од распоредот од тековната сезона.

Шампионот Баерн, кој во петок треба да означи старт на фудбалската 2022 година со домашен натпревар против Борусија Менхенгладбах, утрово потврди за четворица позитивни на коронавирусот, меѓу кои и првиот голман на тимот, Мануел Нојер.

„Следните неколку дена ќе ги поминам во карантин бидејќи сум позитивен на коронавирус“, напиша Нојер на Фејсбук. „Се чувствувам добро и имам само благи симптоми. Ви благодарам на сите за вашите желби. Бидете здрави и внимавајте“.

Поради кризата, Баерн го откажа почетокот на тренинзите за понеделник. Сите играчи прво ќе бидат тестирани. Во Борусија (М) досега исто така има четворица позитивни играчи. Со оглед на многуте случаи на коронавирус во тимовите, челниците на фудбалската федерација утре ќе имаат состанок на кој треба да одлучат дали натпреварите ќе бидат одложени и дали може да биде прескокната цела прва рунда за оваа 2022 година.

ПретходноФА во последен момент го тргна Пол Тирни од судиите кои ќе го судат дербито Челзи – Ливерпул!
СледноХетафе со прво новогодишно изненадување, падна Реал (М) (ВИДЕО)