Кузмановски: Само Словенија ни е во главите!

401

Ова Европско првенство ќе биде поинакво од останатите, патот до главната фаза е тежок како никогаш до сега.

Само првите две репрезентации од секоја група ќе се најдат во следната рунда, останатите две се пакуваат.

Македонија се најде во група со Словенија, Црна Гора и Данска, а на првата средба која ќе го даде текот на првенството, игра со Словенците. Токму овој противник се анализира детално, се крои тактика како да се тргне победнички.

„Поради клупските обврски подоцна се приклучив на овие подготовки. Без разлика што полусезоната во Бундеслигата беше напорна, сакав веднаш да му се ставам на располагање на селекторт, бидејќи и овој период од подготовките е многу важен. Добро е што сме комплетни, тренираме напорно и контролните средби со Израел ќе ни помогнат многу за да воочиме кои ни се квалитетите во овој момент. Со вакво темпо сметам дека ќе бидеме одлично подготвени за првиот меч на ЕП против Словенија, тој натпревар ни е само во главата“, вели Кузмановски.

ПретходноМиркуловски: Почнавме со анализа на Словенија, останува уште малку време до ЕП
СледноСупер реми на Челзи и Ливерпул (ВИДЕО)