Повеќе години, па и децении на овие простори Динамо Загреб покажува како се работи по европски терк. Токму затоа клубот, во кој настапуваат Аријан Адеми и Стефан Ристовски, ретко има проблеми со финансиите. Дури има пари да плати отштета од 5,3 милиони евра за да доведе напаѓач од Аргентина.
Инаку неговото име е Мартин Оједа (23), а во Загреб доаѓа од тимот на Годој Круз. Претхдно играл за Расинг и Хуракан. Колку за потсетување, “модрите“ пред неколку недели го купија најдобриот фудбалер на Осијек, Петар Бочкај за кого платија 2,7 милиони евра.
Тоа се пари кои за наши услови се научна фантастика.