Нема штедење: Лазаров и ракометари во турбо ритам (ФОТО)

972

Македонската ракометна репрезентација по два дена одмор денеска почна со втората фаза од подготовките за претстојното Европско првенство 2022, кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка.

Предводникот на нашиот национален тим Кирил Лазаров на располагање ги има сите ракометари. Се работи во турбо ритам, секоја минута е важна, Македонија ја чека тешка задача во Дебрецин да се избори за првите две места во групата против Словенија, Црна Гора и Данска.

Во рамките вториот дел од подготовките, нашата репрезентација ќе одигра два пријателски натпревари, против Израел, на 3. и 4. јануари.

ПретходноИнтервју со Дени Масев: Желбата за 2022? Па, се знае, таа е пласман на Мундијалот во Катар!
СледноНови информации од Лондон: Лукаку сака да си оди од Челзи и тоа под ИТНО!!!