Ромелу Лукаку направи вистински хаос во Челзи по интервјуто во кое тој го величеше Интер, а не заборави да каже дека не е среќен во Челзи. После тоа тренерот на европскиот шампион, Томас Тухел го казни со тоа не го стави во тимот за денешното дерби со Ливерпул.
Најновите информации од Лондон велат дека Лукаку сака под итно да си оди Челзи и да се врати во Интер. Имено ова го кажал братот на новинарот кој го правеше интервјуто со напаѓачот на Челзи.
Ромелу по завршувањето на интервјуто така “оф-рекорд“ рекол дека направил катастрофална грешка што дошол во Англија, во Челзи, дека не може да се снајде во клубот и на животот во Англија и дека посакува под ИТНО да се врати во Интер.