ОК Вардар ја прекина соработката со Роман Гурски

250

По само половина сезона, ОК Вардар реши да ја прекине соработката со интернационалецот од Азербејџан, Роман Гурски. Од таборот на „црвено-црните“ оваа одлука ја потврдија на својот официјален сајт, најавија ново име на позицијата на Гурски.

„Информацијата доаѓа од клубот откако заврши првиот дел од сезоната 2021/22 во одбојкаскиот шампионат на Македонија.

ОК Вардар избори место меѓу најдобрите шест екипи кои ќе го продолжат разигрувањето за титулата, откако врза шест победи по ред и со 18 бода се најде на 5-тото место на табелата.

Роман Гурски игра на позицијата техничар, а дојде во ОК Вардар пред почетокот на сезоната од рускиот тим Динамо Киров, каде со црвено-црните имаше договор на 1 година.

ОК Вардар му се заблагодарува за досегашната соработка и придонес и му посакува многу успех во понатамошната кариера.

Веќе е најдена соодветна замена за испразнетото место во составот на Вардар, а тоа ќе биде објавено по новогодишните празници“, велат од ОК Вардар. 

ПретходноРаѓа: Не гледам АБА-лига, никој нема корист од неа!
СледноДуелите меѓу Македонија и Израел ќе се играат без публика