Осијек плати пола милион евра за украински дефанзивец

369

На вториот ден од новата година хрватскиот прволигаш Осијек ја активира опцијата да го откупи украинскиот дефанзивец Јевген Чеберко.23-годишниот фудбалер досега играше како позајмен од ЛАСК Линц, но сега сино-белите го откупја неговиот договор. Според информациите се работи за сума од 500.000 евра!

„Му благодарам на Осијек, му благодарам и на тренерот Ненад Бјелица кои верува во моите квалитети. Се надевам дека ќе допринесам Осијек во 2022 година да освои трофеј. Задоволен сум што останувам и поради одличната атмосфера и соиграчите кои ми се одлична поддршка“, изјави Украинецот.

Чеберко стави потпис на договор до јуни 2025 година.

ПретходноБетис падна дома, Алавес зема бод против Сосиедад
СледноРангник: Кавани останува во Јунајтед, тој е важен играч