Српскиот медиум “Информер“ денеска направи анкета со познати фудбалски легенди од овие простори за тоа кој се може да влезе во идеалниот тим на екс – СФРЈ. Наш “претставник“ во таа анкета се разбира дека е Дарко Панчев, кој без двоумење во таа голема конкуренција го стави во идеалните единаесет и Елиф Елмас, Дијамантот на Наполи и Македонија.
Инаку идеалниот тим на Панчев е:
Облак, Врсаљко, Савиќ, Павловиќ, Перишиќ, Елмас, Модриќ, Ковачиќ, Тадиќ, Митровиќ, Влаховиќ.
Интересно е тоа што Владимир Југовиќ, смета дека таа десна бековска позиција треба да биде резервирана за Стефан Ристовски, нашиот капитен и член на Динамо Загреб.
Во анкетата на “Информер“ учествуваа Дарко Панчев, Владимир Југовиќ, Предраг Мијатовиќ, Мехмед Баждаревиќ, Томислав Ивковиќ, Дарко Миланич.
Сепак и за Елмас и за Ристовски немаше место во првите единаесет на екс – СФРЈ.
Ова е идеалниот тим кој беше избран според гласовите:
Облак, Врсаљко, Савиќ, Миленковиќ, Гвардиол, Модриќ, Брозовиќ, Тадиќ, Перишиќ, Митровиќ, Џеко.
Несфатливо е како нема место за Столе Димитриевски, моментално еден од најдобрите голмани во Европа, според статистиките најдобриот во Ла Лига, голман бр.4 на Стариот континент.
Како може Облак да биде пред Столе?
Барем Панчев требаше да му даде предност на нашиот репрезентативен голман.