ВАЖНО ЗА „ФАЛАНГАТА“: Во Унгарија и невакцинирани можат во сала, Словачка и натаму без став!

721

Европската куќа на ракометот на својата официјална страница ги обнови информациите за публиката на претстојното Европско првенство кое ќе се одржи во Словачка и Унгарија.

За македонските фанови стигна добра вест. Владата на Унгарија не го ограничи капацитетот во салите, а за влез во истите има три опции:

*Со сертификат за вакцина

*Сертификат за прележан Ковид-19

*И ПЦР тест не постар од 72 часа

*Задолжително за сите фанови, над шест години ќе биде носење на маска во сала.

Што се однесува до Словачка таму ситуацијата е неизвесна. Владата на оваа земја на 9. јануари ќе донесе одлука дали и колку ќе има публика и на кој начин истата ќе може да дојде во сала. Бројот на позитивни на Ковид-19 во оваа земја е драстично зголемен, па токму затоа засега нема официјален став.

Македонија својата нова европска бајка ја почнува на 13. јануари против Словенија. Базата на нашите момци ќе биде Дебрецен. Два дена подоцна е дуелот со Црна Гора, групната фаза ја затвараме на 17. јануари против Данска.

ПретходноБританска гатачка знае кој ќе биде светски првак на Мундијалот во Катар!
СледноДерозан е незапирлив – одново погоди со звукот на сирената (ВИДЕО)