Рангник: Кавани останува во Јунајтед, тој е важен играч

240

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Ралф Рангник изјави дека уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани ќе остане во клубот најмалку до крајот на сезоната. Кавани дојде во Јунајтед во 2020 од ПСЖ, а договорот му истекува по завршување на сезоната во Премиер лигата.

Кавани е еден од играчите со кого најмногу разговарав претходните недели и дефинитивно нема да го напушти клубот во јануари. Зборувавме за тоа, а тој знае колку го ценам и дека сигурно нема да го пуштам да си оди. Потребен е на тимот кој се уште учествува во три натпреварувања“, изјави Рангник.

Уругваецот сезонава одигра 10 натпревари и постигна два гола.

Му реков дека во него гледам важен играч, веројатно единствен во нашиот тим кој може да игра свртен со грбот накај голот. Неговиот професионализам и етика се неверојатни“, додаде Германецот.

ПретходноОсијек плати пола милион евра за украински дефанзивец
СледноСалернитана слави, останува во Серија А, а Лотито e нервозен