Раѓа: Не гледам АБА-лига, никој нема корист од неа!

521

Додека голем број на клубови се борат за влез во АБА-лигата, вклучувајќи ги и македонските претставници, за легендарниот кошаркар, Дино Раѓа, ова натпреварување не значи ништо. Тој објасни и зошто не ги гледа мечевите.

„Не гледам АБА лига бидејќи одамна веќе не е интеесна. Се претвори на натпреварување во клубови кои носат многу странци и имаат повеќе пари – победуваат“, изјави Раѓа.

Според него никој нема корист од моменталната слика на АБА-лига, бидејќи се носат многу странци.

„Ниту една кошарка нема корист од ваква АБА-лига, што може да се види по резултатите и по квалификациите. Сите се мажат, АБА-лига треба да биде дополнително натпреварување кое ќе биде под контролата на сите сојузи со ограничен број на странци. Кога ќе биде вака, тогаш ќе може да зборуваме“.

ПретходноДерозан е незапирлив – одново погоди со звукот на сирената (ВИДЕО)
СледноОК Вардар ја прекина соработката со Роман Гурски