Салернитана ќе продолжи да се натпреварува во Серија А бидејќи на почетокот на оваа година доби нов сопственик, меѓутоа оваа зделка не му се допадна на довчерашниот газда Клаудио Лотито кој се надеваше на подобра трансакција.
Салернитана е продадена на бизнисменот Данило Ирволино за 10 милиони евра, а Лотито се надеваше дека ќе заработи барем седум пати повеќе. Новиот газда изјави дека сака Салернитана да ја гради по примерот на Аталанта.
Инаку Салернитана беше во косопственост на сопственикот на Лацио Клаудио Лотито, а по правилата на италијанскиот сојуз не е дозволено два клуба во ист ранг да имаат ист сопственик. Челниците на клубот бараа рокот да се продолжи, а од ФС на Италија тоа го одбија и им наредија до крајот на годината да најдат купец и да дефинитираат нов сопственик.
Притисокот порасна, па на крајот е избрана понудата на Ирволино. Инаку тимот по 18 кола е на последното 20 место на табелата со осум бодови.