Советот на италијанската Серија А денеска и официјално го потврди датумот на одигрување на италијанскиот Суперкуп меѓу Интер и Јувентус. Иако имаше најави за одложување на мечот поради новата ситуација со Ковид-19, сепак, такво нешто нема да се случи. Мечот и официјално ќе се одигра на 12 јануари.
По влошувањето на ситуацијата во врска со случаите на зараза во Италија, стана очигледна можноста за одложување на натпреварот. Како што објави новинската агенција АНСА, всушност, одложувањето не било одобрено иако клубовите тоа го побарале.