Супер реми на Челзи и Ливерпул (ВИДЕО)

264

Во дуел во кој нема кој нема да каже дека беше прекрасна фудбалска претстава, екипите на Челзи и Ливерпул одиграа 2:2 во рамките  на денешното големо дерби од Премиер лигата.

Меч кој беше најавуван со многу проблеми, пред се оние со предзнак, Ковид 19, па потоа и со промената на главнито судија и не можеше да биде поинаков. Прекрасно прво полувреме во кое видовме четири гола, и во кое Ливепрул имаше 0:2 по само 26 минути игра. Мане ја искористи грешката на од браната на Челзи во 9. минута, за потоа по половина час, Салах избега по својата десна страна и погоди за двојно водство.

И кога се мислеше дека гостите ја имаат ситуацијата под контрола се случи сосема спротивното. Корнер за домашните, топката одбиена на работ на шеснаесетникот, а таму Матео Ковачиќ со прекрасен волеј удар погодува во агол за 1:2. Само три минути подоцна во 45. минута, прекрасна асистенција на Канте за Пулишиќ, а овој рутински избива сам и погодува за 2:2.

Иако по вакво прво полувреме во продолжението се очекуаше да има уште минимум два до три гола, сепак, во вториот дел, мрежите мируваа. Останаа конечните 2:2 со кој Челзи го освои 43. бод сезонава, додека Ливерпул со меч помалку има и бод помалку односно 42. бода.

ПретходноКузмановски: Само Словенија ни е во главите!
СледноСерија А не прифати одложување на Суперкупот: Интер – Јувентус на 12 јануари!