Њукасл стапил во контакт со Арсенал за да се обиде да добие договор за позајмица на отфрлениот напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг, тврди „Мирор“.
„Страчките“ сакаат да го ангажираат 32-годишниот Обамејанг на позајмица до крајот на сезоната.
Њукасл, исто така, ќе бара да добие опција за откуп на неговиот договор по завршувањето на сеозната во висина од 20 милиони фунти. Иднината на Пјер-Емерик Обамејанг е нејасна бидејќи односите со менаџерот Артета му се комплетно нарушени.
Напаѓачот на Габон минатиот месец ја загуби капитенската лента и беше тргнат настрана поради дисциплински причини и оттогаш не заигра.