Фудбалерите на Брајтон го ставија под голем притисок менаџерот на Евертон, Рафаел Бенитез, откако денеска на гостувањето на „Гудисон парк“ му го нанесоа и деветиот сезонски пораз на домашниот тим совладувајќи го со 3:2.
Гостите одиграа одличен меч и постојано беа во водство. со првиот од двата гола на Мек Алистер гостите водеа веќе по три минути, за во 21. минута Бурн веќе да ги донесе гостите и до предност од 2:0. За издвојување е и промашениот пенал на Калверт-Луин во 25. минута, по што на пауза се замина со водство на Брајнтон.
Во вториот дел Евертон со првиот од двата гола на Гордот намали на 1:2, но потоа Мек Алистер погоди за 1:3, па Гордон во 76. минута успеа да намали на 2:3.
Брентфорд во самата завршница од мечот успеа да направи целосен пресврт на мечот со Астон Вила и на крајот да ја прекине серијата порази со победа од 2:1. Гостите поведоа во 16. минута со голот на Ингс, но домашните се вратија за 1:1 преку Виса во 42. минута. Одлучувачкиот гол дојде во 83. минута, а стрелец беше Расмусен.
Лидс Ј. успеа да обебзеди тешка победа на домашен терен против Барнли од 3:1. Харисон, Стјуарт Далас и Даниел Џејмс беа стрелци за домашните, додека единствениот гол за гостите беше дело на Корне.