Македонската ракометна репрезентација по два дена одмор денеска почна со втората фаза од подготовките за претстојното Европско првенство 2022, кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка.
Предводникот на нашиот национален тим Кирил Лазаров на располагање ги има сите ракометари. Се работи во турбо ритам, секоја минута е важна, Македонија ја чека тешка задача во Дебрецин да се избори за првите две места во групата против Словенија, Црна Гора и Данска.
Во рамките вториот дел од подготовките, нашата репрезентација ќе одигра два пријателски натпревари, против Израел, на 3. и 4. јануари.