Пикфорд го „окрка“ поради сопругата (фото)

288

Голманот на Евертон и на Англиската репрезентација, Џордан Пикфорд ни крив ни должен се најде во центарот на вниманието поради објава на социјалните  мрежи. Но не негова, туку на неговата сопруга, која што е деклариран „антиваксер“. Дотичната Меган Дејвисон, на социјалните мрежи објави фотографија на кукла која што е прободена со многу игли, а истата ја искоментира со „уште еден бустер до слободата“ алудирајќи на препораките луѓето да се вакцинираат и по трет пат.

На ова, клубот на Пикфорд, како и водството на ФА потоа реагираа бурно, голманот веднаш бил повикан на разговор, и му било наредено веднаш сликата и постот да бидат избришани. Така и биднало, Дејвисон ја избришала објавата, а Пикфорд веројатно за ова ќе биде и парично казнет.

 

ПретходноБрајтон му „скрои“ отказ на Бенитез, Брентфорд и Лидс Ј. ја прекинаа низата порази (ВИДЕО)
СледноЊукасл се јавил кај Арсенал за да побара позајмица на Обамејанг