Менаџерот на Манчестер Јунајтед Ралф Рангник изјави дека уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани ќе остане во клубот најмалку до крајот на сезоната. Кавани дојде во Јунајтед во 2020 од ПСЖ, а договорот му истекува по завршување на сезоната во Премиер лигата.
„Кавани е еден од играчите со кого најмногу разговарав претходните недели и дефинитивно нема да го напушти клубот во јануари. Зборувавме за тоа, а тој знае колку го ценам и дека сигурно нема да го пуштам да си оди. Потребен е на тимот кој се уште учествува во три натпреварувања“, изјави Рангник.
Уругваецот сезонава одигра 10 натпревари и постигна два гола.
„Му реков дека во него гледам важен играч, веројатно единствен во нашиот тим кој може да игра свртен со грбот накај голот. Неговиот професионализам и етика се неверојатни“, додаде Германецот.